Доделени концесии за геолошки истражувања на 50 локации

Bez autora
May 16 2013

Министерот за економија Ваљон Сараќини ги презентираше резултатите од еден од најголемите Јавни повици, за вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини, на кој беа понудени локации за неметалични и металични минерални суровини, украсен камен и геотермална вода. На овој Јавен повик се понудија вкупно 61 локалитет од кои, 25 локалитети за неметалични минерални суровини, 31 за металични минерални суровини, 4 локалитети за минерална суровина-украсен камен и 1 за минерална суровина - геотермална вода, но значајно е тоа што се предвидува доделување на 31 локалитети за истражување на металични минерални суровини. Имено, овој вид на минерални суровини е од големо значење за развој на економијата и индиректно влијае на зголемување на извозот, а покрај домашни компании, концесии за детални геолошки истражувања добија и фирми од Турција, Канада, Австрија, Велика Британија и Бугарија. Критериум за вреднување на понудите беше највисоката понудена цена, но не помалку од почетната цена за локалитетот и минералната суровина која е предмет на овој јавен повик пооделно...

Доделени концесии за геолошки истражувања на 50 локацииМинистерот за економија Ваљон Сараќини ги презентираше резултатите од еден од најголемите Јавни повици, за вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини, на кој беа понудени локации за неметалични и металични минерални суровини, украсен камен и геотермална вода.

„На овој Јавен повик се понудија вкупно 61 локалитет од кои, 25 локалитети  за неметалични минерални суровини, 31 за металични минерални суровини, 4 локалитети за минерална суровина-украсен камен и 1 за минерална суровина - геотермална вода, но значајно е тоа што се предвидува доделување на 31 локалитети за истражување на металични минерални суровини. Имено, овој вид на минерални суровини е од големо значење за развој на економијата и индиректно влијае на зголемување на  извозот, а  покрај домашни компании, концесии за детални геолошки истражувања добија и фирми од Турција, Канада, Австрија, Велика Британија и Бугарија“, информираше министерот Сараќини.

Критериум за вреднување на понудите беше највисоката понудена цена, но не помалку од почетната цена за локалитетот и минералната суровина која е предмет на овој јавен повик пооделно, а тоа е 60.000 денари за неметалични минерални суровини и за украсен камен и 120.000 денари за металичните минерални суровини, како и уредна Тендерска гаранција, според што, концесијата за детални геолошки истражувања ќе му се додели на понудувачот со највисока понудена цена.

„По доделувањето на концесиите за вршење на детални геолошки истражувања од овој Јавен повик, се преминува во наредната фаза на експлоатација, што ќе придонесе за значителни позитивни поместувања во македонската економија, нов свеж капитал, а со текот на времето и нови вработувања“, истакна Сараќини.

Тој информираше дека од овој јавен повик, по основ на еднократно понуден надоместок за добивањето на концесијата за детални геолошки истражувања на минерални суровини, ќе се наплатат околу 45 милиони денари. Од нив, согласно Законот за минерални суровини 78 отсто ќе бидат приход во Буџетот на општината на чија територија ќе се врши концесиската дејност, а 22 отсто ќе претставуваат приход на Буџетот на државата.

Страшо Милковски, директорот на „Гранит“, кажа дека ова е најголем Јавен повик објавен досега воопшто и дека доделувањето на 50 локации за детални геолошки истражувања ќе значи многу во поглед на нови вработувања, поевтин транспорт, а со тоа и побрзо  преминување кон фаза на експлоатација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik